МИЛАН ШАМПИОН
  Објавено на
share

МИЛАН ШАМПИОН

 

Милан е шампион на Италија, откако го декласира Сасуоло на гости со 0:3 и по 11 години го враќа пехарот на „Сан Сиро“.

Тоа е вкупно 19. шампионски трофеј за „росонерите“ во Серија А 

Тимот на Стефано Пиоли ја реши работата уште во првото полувреме и воопшто не му дозволи на градскиот ривал Интер да се надева дека може да го одбрани „скудетото“. На крајот, за два чекори беше побрз во трката за титулата.

Оливие Жиру во 17.минута донесе водство за Милан, а во 32.минута зголеми на 0:2. Третиот гол беше дело на Франк Кеси во 36.минута. 

Интер оствари пирова победа (3:0) над Сампдорија на домашен терен. Иван Перишиќ на почетокот на второто полувреме го постигна првиот гол, а потоа двапати стрелаше Хоакин Кореа.

 10-11-ac-milan-serie-a-scudetto-winners – The AC Milan Blog




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани