Добра ноќ Македонијо, каде и да си!
Автор: Јанко Илковски   Објавено на
share

Добра ноќ Македонијо, каде и да си!

Your profile picture

 Дали знаете дека Ајвар е заштитнено име и го поседува државата Словенија. Ние кога извезуваме не смееме да го користиме тој назив туку само Ајвер или слични деривати. Добра воља е на словенците што ни дозволуваат тука, во Македонија да го користиме името Ајвар.

Инаку го заштитија пред повеќе од 15 г и реков јавно во мојата емисија дека ако народот и државата не се изборат за името Ајвар, ќе го загубат и името на државата затоа што ќе покажат дека немаат  капацитет да се изборат за своето.


Гавази мои, скоро ништо не одбранивме и ништо од нас нема да остане. Полека ќе избледиме и исчезнеме во ноќта. Нема да исчзнеме со торжествен тресок ,туку бавно, цвилеејќи.

Како ехо ќе останат само бледи сеќавања на некои од утрешните генерации кои ќе не доживуваат нас и нашите дела, како носталгична заборавена песна во Блејд Ранер во еден нов дистопичен свет кој исчезнува.

Не, немаме капацитет да одбраниме ниту заштитме ништо што е наше и немаме право никому да се лутиме, тоа е тажниот факт на култура која бледее.

Се што ни се случува заслужено е.

Доживуваме неправди и страдаме, но и тоа како е сетоа тоа го заслуживме.

Секој народ има власт каква што заслужува.

Секоја нација ја доживува судбината која си ја заслужила.

Но не губам надеж, не паѓам даун, не тонам во депресивен дефетизам.

Имам вера и нека е се по Неговата воља, што и да биде, благодарен сум. 

Но нема да престанеам да се залагам, борам на мој начин, јас како мислам а не како некој друг ми кажува, што и како да правам. Мојата борба е таква каква што е и колку и да е залудна, глупава, длабока или плитка, тоа е моја, тоа мојот траг, каков и да е. Блед, плиток или длабок не е мое да кажам, одам, продолжувам, паѓам, станувам и повторно и повторно ... 

Blade Runner TV series in development at Amazon with Ridley Scott - Polygon

Добра ноќ Македонијо, каде и да си!




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани