ПОРАКА ОД НАШ АМЕРИКАНЕЦ ДО АМЕРИКАНСКИТЕ СТРУКТУРИ ТУКА
Автор: Виктор Трифуновски   Објавено на
share

ПОРАКА ОД НАШ АМЕРИКАНЕЦ ДО АМЕРИКАНСКИТЕ СТРУКТУРИ ТУКА

статус на Виктор Трифуновски на ФБ 

https://www.facebook.com/viktortrifunovski77/posts/1765557013807468

Прво нека расчистат со Клинтонови и нивните перални за пари, потоа со синот на претседателот - Хантер Бајден... па потоа нека му 'ржат на ДУИ.

Лов на „Руски Вештерки“ и спектакли како со вилата на Трамп, не палат повеќе. На Македонија и треба чистење подетално и подлабоко од Источна Германија 1991, или како Западна Германија и Јапонија 1945... а не прегрупирање на транзиционите хоштаплери.
 
Да беше Бајден претседател 1945, Јапонија, Зап. Германија, Ј. Кореа никогаш немаше да бидат економски супер-сили, а Израел којзнае дали би постоел. Вистински партнерства во корист на Американскиот национален интерес се прават како во случаите со овие земји...а не како со случаите на Косово, Македонија, Ирак, Либија и сл.
 
Американската економска моќ, во најголем дел се должи на партнерствата кои ги има ширум светот, трговијата со нив, можноста за инвестирање која ја создаваат ново-реформираните општества. Џабе ти се евтини ресурси од промашените и растурени држави, ако немаш кај да продаваш производи, ако немаш кај да инвестираш вон својата земја.
 
Интересот на Америка пред Клинтоновци и Бушовци беше да продава на што повеќе земји, или ако неможе да продава, да ги искористи прво за инвестирање, па подоцна и како пазар откако ќе се развијат. ТОА ПОВЕЌЕ НЕ СЕ СЛУЧУВА, или е во најдобар случај инцидентна појава.
 
Американскиот меѓународен протисок мора да биде насочен кон индивидуалните човекови слободи, а не кон групи (малцинства, маргинализирани, дрн дрн...) изградба на вистински правна држава, а не фаворизација на партии и локални контроверзни ликови. Капитализам во економијата, секој поединец да може индивидуално економски да се развива, без страв од државниот апарат и локалните силеџии...наместо тоа денес се промовира кредитирање до банкрот, и помирување со тајкуни и олигарси.
Без овие вредности Америка НЕ е повеќе Америка, туку е најобична држава како и сите други, или барем оди кон тој пат. Штом се повеќе луѓе веруваат во мулти-поларен свет, значи дека Америка е вреднувана како и сите други земји кои НИКАДЕ не донеле просперитет.
 
Обичниот човек во Америка нема никаква корист од купишта послушници низ светот, обичниот човек има корист доколку продаде што повеќе низ светот, без разлика дали се работи за една голема, и повеќе мали земји...односно да купи нешто од остатокот на светот што во Америка го нема, или се произведува поскапо. Вaкавата Американска посебност (American Exceptionalism) сеуште не е мртва. Истата би требало повторно да се врати во Американската надворешна политика.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани