Сите оние кои македонскиот идентитет, историја и јазик ги сметаат за „национален интерес“ „национално достоинство“ „патриотизам“ нека бидат спремни за уште еден историски пораз.
Автор: Виктор Трифуновски   Објавено на
share

 

МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Сите оние кои македонскиот идентитет, историја и јазик ги сметаат за „национален интерес“ „национално достоинство“ „патриотизам“ нека бидат спремни за уште еден историски пораз.

Идентитет, историја и јазик се ЧОВЕКОВИ ПРАВА, и како такви се заштитени со меѓународни закони и конвенции. Секој притисок за промена на идентитет, историја или јазик, е злосторство кое треба да се пријави на соодветна институција...а не да се влегува во полемика со примитивни говеда кои велат „да исчезне Македонската Нација“.
„Македонците се вештачка нација“ мора да биде меѓународно продласена за расистичка парола, и како таква прогонувана и цензурирана...слично како и извикот „За Дом Спремни“ кој го користат екстремните хрвати.
„Исчезнување на Македонизмот“ е геноцидна идеа, која треба да се прогонува судски (можеби и психијатриски)...а не да се влегува во полемика и докажување како ние сме биле големи патриоти, кои ќе се бореле „до последен здив“... или што знам, влегување во некакви „научни полемики“.
 
За жал, Македонија НИКОГАШ не ја воделе понеписмени, понеинтелегентни, поглупи, понеискусни, и понеодговорни луѓе. Дајте ми ТВ дуел со било кој од денешната Влада (било кој министер, било кој заменик) ќе ви докажам дека ПОЈМА НЕМААТ за институцијата во која работат, за своите права и договорности, за законските рамки на нивните овластувања.
Таквите луѓе незнаат дека интеграција со Запад, и Човекови Права, се неодвоиви работи. Глупи се, неписмени, неинтелегентни, па неретко дури и ментално недораснати.



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани