Триесет гробови од периодот пред Инките откриени во Перу
  Објавено на
share

 

Триесет гробови од периодот пред Инките откриени во Перу

 

Перуанските археолози откриле 30-ина гробови од периодот пред цивилизацијата на Инките на гробишта на народот Чанкај, група која ги населувала долините на централниот брег на Перу од 1000 до 1470-та година.

Новооткриените гробови се стари околу 800 години и им овозможуваат на научниците да дознаат повеќе за Чанкајската култура, која малку истражувана досега, изјави Пиетер Ван Дален, археолог од Универзитетот во Сан Маркос.

Тој и неговите колеги работата на местото на коешто биле изведувани погребните церемонии кое потекнува од споменатата претколумбиска култура. Во последните десет години откриени се околу две илјади гробови кои припапаѓаат на народот Чанкај.

„Во последните денови, откривме околу 30 гробови од културата на Чанкај на гробиштата сместени на планината Макатон, во долината Хуарал, на северно-централниот перуански брег, северно од градот Лима. Тие се гробови што им припаѓаат на луѓе со различни социјални статуси. Има подлабоки гробови, длабоки до 5 метри и добро изработени, кои припаѓаат на елитата на културата Чанкај“, вели Ван Дален.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани