Витаминка“ меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ИСМ во Келн, Германија
Објавено на
Витаминка“ меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ИСМ во Келн, Германија
Прилепската компанија „Витаминка“ својот асортиман го претстави на саемот ИСМ Келн, Германија, што е еден од најголемите и најважни настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата.
-ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, иновациите и перспективите во оваа индустрија. Освен иницијалните контакти, воспоставување релации и партнери за нови пазари, ова е главниот фокус на нашето присуство тука и очекувани придобивки. Дополнително како компанија од Македонија со претставувањето на производите на „Витаминка“ го промовираме и македонското производство и прехранбената индустрија во земјава, што е дополнителна предност. И оваа година нашето претставување помина успешно и ја исполнивме целта – изјави Љупчо Велески, директор на извоз во „Витаминка“.
Саемот ИСМ ги спојува сите релевантни целни групи, како малите, средните компании, но и лидерите на пазарот со меѓународни деловни групи заинтересирани за соработка. Присутни беа повеќе од 1.200 изложувачи од повеќе од 70 земји од целиот свет- информираат од фирмата.
КОМЕНТАРИ