ТАЧЕ СЕЉАЧЕ колумна на Јанаки Митровски
  Објавено на
share

 

ТАЧЕ СЕЉАЧЕ

колумна на Јанаки Митровски

 

 

Секој еден што живее во Скопје знае дека зборот сељак е дел од скопскиот сленг.

Исто така знае дека постои огромна разлика помеѓу селанин како географска одредница и

живеење и работење на село и сељак како човек без базични манири. Зборот сељак е

главно навредлив, додека селанин не е. Впрочем, обата мои родители се селани, татко ми

од свети николско село кое веќе не е населено, и мајка ми од штипска Чардаклија која е

населена.

Синоним за сељак е секако македонскиот октроиран премиер Димитар Ковачевски

Таче. Човек без базични манири, растен со златна лажичка, просто роден да биде

директор, се што некогаш "направил" е благодарение на висење во партија а не на лични

квалитети и способности. Впрочем како и секој македонски политичар. Но токму поради

фактот дека ни е насаден на највисоката функција, каj Таче се повеќе перзистира една

одвратна и незаслужена надменост.

Во неколку наврати квази премиерот на државава се однесува со македонските

новинари дрско, безобразно, непотребно надмено се однесува и од авион се гледа дека

сака да понижува, што е типична одлика за зол човек. Неколку пати цел на неговите

дебилни прашања "а Вие од кој медиум сте" па Груевистичкото "ја следевте ли прес

конференцијата" и останати понижувачки односи беа неколку македонски новинари.

Да не заборавиме дека Таче сака да биде Грујо, па троши завидни суми на пари по

социјални мрежи за кои НЕ сака да одговори од каде доаѓаат, се снима и прави ПР дур оди

во маркет и секако последното- желбата да ги корумпира медиумите.Една од главните

барања на СДСМ беше да се прекине владиното финансирање на медиумите како ноторен

извор на корупција.

Но седум години на власт знаат да го поматат разумот, а и да го отворат

ректумчето за кеш, па сега СДСМ веќе не ги интересираат демек идеалите кои ги донесоа

на власт. Ситни лоповчиња и ништо повеќе. Комбинирано со супер криминално владеење,

особено коруптивно во последниве две години, отварање на серија медиуми-анални

алпинисти за власта и СДСМ е бледа копија на турбо ВМРО.

Врв на сељачизмот беше неделава кога Таче се однесуваше екстра саељачки. На

прес конференција за енергетски ресурси, додека министерот Бектеши одговараше на

прашања, Таче Селаче се смееше како недозреан, си ја покриваше фацата и покажуваше

исклучително понижувачки и потценувачки однос кон присутните новинари и целата

фела, недостојни за еден премиер.

Дополнително, полн со себе како паун, а од каде тоа доаѓа не знам бидејки нема

два дена реален работен стаж и достигнувања, го прашуваше новинарот Мефаил да не има

некој прашања за гасот или немал тој познавања. Феноманелн беше новинаор Мефаил

кога на најкултурен можен начин му забележа на потценувачкиот однос дополнително

посочувајки му на премиерот дека ваквиот однос е недопустив према новинари особено во

време кога сите статистики покажуваат дека слободата на говор во Македонија е во

опаѓање.

Таче е сосема свесен дека неговите незаслужени пет минути истекуваат. Опасноста

од безвласт а и можен апс го плашат, па сељачизмот мора да исплива некаде. Таче, барем

мене никогаш не си ми бил авторитет, па би те замолил да се вратиш од дупката од која си

излегол кога немаш ни капацитет а богами ни манири да се занимаваш со висока

ПОЛИТИКА.

Activa

Go to Se




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани