Ова со Елон и Доналд Холивуд не е, ама Нетфликс 100%
Абе луѓе, не знам дали само мене ми изгледа ова ко некој скриен пилот за нова Нетфликс серија, ама ова што се случува помеѓу Елон Маск и Доналд Трамп е толку драматично, чудно и во исто време спектакуларно, што дури и најдобрите сценаристи од Холивуд ќе се потпишат под него. Ајде вака, седни, отвори кафенце или ладна кока-кола, и да ги подредиме парчињата од мозаикот.
Прво, Елон. Генијалец, милијардер, техно-мистик и интернет трол од светска класа. Човекот буквално твита како да е на школски одмор, а управува со компании кои буквално го обликуваат 21 век – SpaceX, Tesla, Neuralink, X (бившиот Twitter)... и не за џабе го нарекуваат реален Тони Старк.
Па сега Доналд. Човекот шо не може да ја изгуби сцената ни кога не е претседател. Со Truth Social како сопствена медиумска платформа, армија од поддржувачи, и секогаш спремен за кавга – Доналд Трамп е бренд сам по себе. Бил претседател еднаш и еве го пак. И секогаш има нешто да каже, често непредвидливо, некогаш непристојно, ама секогаш – звучно.
И сега доаѓа најинтересниот дел: нивниот однос. Еден ден се фалат меѓусебно, друг ден Елон го "шприца" Доналд во некое интервју или обратно. Театар. Точка.
Па што е ова? Кавга? Пи-ар? Или нешто трето?
Мојата теорија (ај да речеме шпекулативна, ама мислам дека има логика): ова е контролирана драма. Планирана. Да се задржи вниманието на публиката таму каде што е најкорисно – кај нив. И за двајцата. Елон со тоа станува се повлијателен политички глас, не само бизнисмен. А Доналд си го држи статусот на алфа политички ѕвер, дури и кога е под истраги. Секој со својата улога.
Ова не е првпат да гледаме соработка под маса, а кавга на сцена. Па и римјаните го измислиле тоа: "Panem et circenses" – леб и игри за народот. Сега е тоа „твитања и подкасти“, ама суштината е иста.
Да видиме кој што добива:
-
Елон – преку овие конфликти и блиц-изјави, се позиционира не само како технолошки лидер, туку и како неформален политички коментатор. Кога Елон нешто ќе каже, тоа го пренесуваат и CNN и Fox и BBC и TikTok. Си ја гради платформата X како нов центар за слободен говор, но и како медиумски хаб каде политичари доаѓаат на исповед.
-
Доналд – преку секој спомен од Маск, останува релевантен. Да не заборавиме, тој моментално има куп судски процеси на грб и потребен му е секој публицитет што не е негативен. А кавга со Маск автоматски значи 200+ милиони публика. Win.
Ама има и четврта димензија тука.
Заднината, онаа доле дубоко - горе ич не се гледа - да речеме дека не е само за шоу. Можеби има и сериозни интереси. Политичка мрежа? Платформи што ќе ги заменат старите медиуми. Комбинација на пари, влијание, технологија и... политички моќ. Елон веќе најави дека X ќе биде медиумска платформа каде ќе се одржуваат дебати, интервјуа, па дури и виртуелни митинзи. А Трамп, сигурно ќе му треба некој што „го контролира интернетот“.
Па викам јас – ова можеби не е кавга, туку кастинг. Кој ќе биде следниот гласен партнер на следната голема ера: дигитална демократија или дигитален хаос?
Можеби Елон и Доналд се пробна верзија на нов модел на владеење – медиумски, директен, без посредници. Народот гледа стрим, клика like, коментира, а тие двајца го диктираат наративот.
И ако ова ти звучи претерано – погледни околу себе. Дали денес гледаш вести на телевизија? Или на TikTok, X, YouTube? Е па, тоа е теренот. Новиот терен. И Елон и Доналд го знаат тоа. И го играат паметно.
Холивуд не е, ама Нетфликс? 100%.
И ако некогаш ова стане стварно серија – ќе ја гледаме. И ќе коментираме. И ќе мислиме дека сме над неа. Ама пак ќе кликнеме play. Зашто, брутално е добро напишано. Случајност? Или план? Ти одлучи.
(1).jpg)