Добри вести за рафинеријата и вработените во Лукоил Македонија
  Објавено на
share

 Добри вести за рафинеријата и вработените во Лукоил Македонија

Ситуацијата со Лукоил во Бугарија конечно се стабилизираше во последниот момент, буквално неколку часа пред санкциите на САД и Британија да ја запрат рафинеријата во Бургас. На 15 ноември 2025 американскиот OFAC и британското Министерство за финансии објавија дерогација, односно временски исклучок од санкциите, со кој рафинеријата добива воздух до крајот на април 2026 година.

Што се случи пред тоа?
 
Бугарската влада донесе посебен закон, со кој буквално ја презеде контролата врз „Лукоил Нефтохим Бургас“ и сите поврзани компании во земјата. За специјален менаџер е назначен Румен Спецов, директорот на даночната агенција НАП. Од тој момент тој е тој што одлучува за сè – од набавка на нафта до тоа каде ќе завршат парите од продажбата на гориво. Парите не одат во Москва, туку се слеваат на посебна сметка во Бугарската банка за развој. Рускиот Лукоил е целосно исфрлен од управувањето, иако формално сè уште е сопственик. Рафинеријата продолжува да работи со нафта што не е руска – од Казахстан, Ирак, Тунис, Египет, како и последните две години.
Значи, нема враќање на „Уралс“ и нема прекин во производството.
 
За Македонија ова е одлична вест. Лукоил Македонија има околу четириесет пумпи и над петстотини вработени, а речиси целото гориво им доаѓа токму од Бургас. Да не беше дерогацијата, снабдувањето ќе престанеше за неколку дена и ќе настанеше вистински хаос на пазарот. Сега сè останува исто – пумпите работат нормално, горивото тече, цените не скокаат, картичките важат, платите на вработените се сигурни барем до пролет 2026.Во следните пет и пол месеци Бугарија ќе бара траен купувач на рафинеријата, најверојатно некој западен фонд или нафтена компанија.
 
Кога ќе се смени сопственикот и таму, сосема е можно новите газди да ја задржат соработката со македонската мрежа, бидејќе таа е профитабилна и добро поставена.Накратко, во моментов нема никаков проблем за Лукоил пумпите во Македонија – возите, точите, сè е по старо, а кризата што се закануваше е одложена за најмалку половина година.
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани