Финансиско спасување: Nvidia инвестира 5 милијарди долари во Intel (?!?!?!) Интел е во очајно лоша состојба, но зошто нвидиа го спасува?
  Објавено на
share

 

Финансиско спасување: Nvidia инвестира 5 милијарди долари во Intel (?!?!?!)

Интел е во очајно лоша состојба, но зошто нвидиа го спасува?

NVIDIA and Intel to Develop AI Infrastructure and Personal Computing  Products | NVIDIA Newsroom

Највредната компанија во светот, Nvidia, инвестираше значителна сума во полупроводничкиот гигант Intel, кој се обидува да излезе од тешка криза. Развивачот на AI забрзувачи стекна удел во Intel за сума од 5 милијарди американски долари.

„Нвидиа“ официјално го заврши купувањето на акции на „Интел“ за 5 милијарди долари на крајот од годината, објави „Ројтерс“. Договорот беше постигнат од двете компании во септември оваа година.

Според финансиските податоци за договорот, компанијата на Јенсен Хуанг стекнала над 214,7 милиони акции на Интел по куповна цена од 23,28 долари по акција, како што е договорено во есенскиот договор.

Договорот се смета за критична финансиска инјекција за Интел, кој во последните години се соочуваше со финансиски тешкотии поради стратешки грешки и огромни трошоци за проширување на капацитетите што го исцрпија неговиот буџет.

Договорот со Nvidia беше разгледан од американските антимонополски власти. Федералната трговска комисија на САД (FTC) издаде известување за одобрување на договорот на почетокот на декември.

По веста за зделката, акциите на „Nvidia“ паднаа за 1,3% во претпазарното тргување, додека акциите на „Intel“ останаа практично непроменети.

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани