КАРАМАН И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА МАКЕДОНСКО КУЧЕ - ЧЕСТИТКИ!
  Објавено на
share

КАРАМАН И ОФИЦИЈАЛНО СТАНА МАКЕДОНСКО КУЧЕ - ЧЕСТИТКИ! 

 

 Генералниот комитет на Светска федерација на кинолошки сојузи на 11 февруари донесе одлука за условно признавање на расата Караман како македонско овчарско куче. Со ова, Караман доби меѓународен статус во рамки на светската федерација на кинолошки сојузи.

 

„Со задоволство би сакале да ве информираме дека на поднесената апликација од Кинолошкиот Сојуз на Република Македонија, во соработка со Кинолошкиот Клуб за Македонско Овчарско Куче Караман, Светската Кинолошка Федерација одговори позитивно со што Македонија се здоби со нејзината втора раса овчарско куче воедно прва само Македонска раса“, информираа од македонскиот Кинолошки сојуз. Се истакнува дека признавањето на Караман претставува значаен чекор за македонската кинологија, но и за зачувување на националното културно и биолошко наследство.
 
ImageImageImageImage
 



КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани