Други правила и друг третман
  Објавено на
share

 Други правила и друг третман

 

Зошто е многу битно да си православен? Од многу проста причина – поради различниот третман што сам си го обезбедуваш со својот однос кон Бог и своите ближни, како и поради правилата што ќе важат само за тебе. Кога си православен имаш можност да бидеш дете Божјо, а не да останеш само роб или наемник. Кога, пак, кон Бог негуваш однос на дете, за тебе важат други правила и имаш друг третман…

Што значи тоа? Ако робот или наемникот нешто згрешат, ќе мора тоа некако да го „отплатат“, а детето, не само што нема да биде казнето, туку ќе биде уште и наградено – тоа е суштинска разлика.

Да не е Бог неправеден? Не; самите градиме таков однос со Него.

Наемникот и робот постојано нешто бараат и очекуваат од Бог – а Му принесуваат само од својот одвишок, и Тој за да ги вразуми и спаси кога грешат, му допушта на демонот – во чии раце тие самите се предале преку гревот, да им го ускрати тоа што го очекуваат или да им го одземе тоа што мислат дека го имаат. Секако, Бог, после и ги спасува од канџите на демонот, за, ако се паметни, да можат да ја видат разликата – како е кога не си во заедница со Бог, а како е кога си…

А бидејќи детето Божјо, ништо не бара, ниту очекува од Бог, туку целосно Му се дава, тоа, при евентуална грешка, ќе биде „казнето“ со давање, со некој дар од Бог, непосредно – овоземен, посредно – духовен.

Како, инаку, да го „казни“ Бог оној што ништо не бара и очекува од Него, освен да му ги даде токму тие овоземни блага и почести кои тој цело време, од подвиг, ги избегнува; и така да го „посрами“ со Својата љубов.

Поголемите духовни дарови си бараат малку повеќе подвиг и време.Исто е и со простувањето; на детето Божјо сn4; му се простува, и однапред му е простено, само затоа што е Негово дете – и веднаш, така грешно, ита во Татковските прегратки; на другите им треба, прво време да се освестат, да се поправат, а потоа треба малку и да се помолат.

Ова не е елитизам, ова е православен реализам; светоотечки опит од личниот, слободен и љубовен однос, со Бог. Знам дека звучи поинаку за робовите и наемниците – кои не сфаќаат дека остварениот личен однос со Бог е над секој закон и правило.

Не реков дека ако си „православен“, значи автоматски си и дете, туку дека ти е пружена можност; но ако си дете Божјо – секако си православен. Оние што се надвор од Црквата – не се под наш суд; ниту ние под нивен. Слава и благодарност на Бог за сn4;!

Пишува: Митрополит Струмички Наум

 




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани