ЕУ му постави 27 услови на Маѓар за да ги одмрзне фондовите со финаниска помош, но новиот премиер рече дека само 4 услови се прифатливи за него.
Објавено на
.png)
ЕУ му постави 27 услови на Маѓар за да ги одмрзне фондовите со финаниска помош, но новиот премиер рече дека само 4 услови се прифатливи за него.
Петер Маѓар чија партија Тиса освои убедлива победа на парламентарните избори во Унгарија на 12 април 2026 година и со тоа го стави крај на 16 годишното владеење на Виктор Орбан изјави дека ќе исполни само четири од 27 услови поставени од Европската унија за одмрзнување на замрзнатите фондови.
Тие четири точки се:
- засилување на антикорупциските мерки
- враќање на независноста на судството и истражните органи
- престанок на финансирање на медиуми од страна на владата
- обезбедување на академска слобода

Маѓар нагласи дека нема да ги исполни останатите 23 услови во целост.Тој додаде дека популарните политики од претходниот период ќе продолжат без промени. Меѓу нив се
нула данок на доход за мајки со деца
непроменети пензии
јужната гранична ограда и отфрлање на европскиот пакт за миграција и азил.
Поддршката за етничките Унгарци во странство исто така ќе продолжи.
Во однос на Украина Маѓар изјави дека Унгарија ќе престане да блокира испорака на оружје и пари од Европската унија но нема да учествува во пакетот од 90 милијарди евра заеми за Киев поради сопствената тешка финансиска состојба.
Тој најави дека пристапот на Украина во Европската унија ќе биде условен со почитување на правата на унгарското малцинство во Закарпатје и дека за тоа прашање ќе се одржи референдум.
Маѓар рече дека ќе бара подобри односи со соседите вклучително и со Украина и дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Зеленски но нема да иницира контакт со рускиот претседател Путин освен ако тој не го побара.
Тој потврди дека Унгарија ќе ја задржи и ќе ја поправи јужната гранична ограда и дека ќе одбие било каков механизам за распределба на мигранти.
Според досегашните резултати партијата Тиса освои околу 54 отсто од гласовите и 138 од 199 места во парламентот што е две третини мнозинство и овозможува менување на уставот.
Фидес на Орбан доби околу 38 отсто и очекувани 55 места.
Орбан ја призна поразот уште истата вечер.
Маѓар побара брзо свикување на парламентот со цел новата влада да биде формирана најдоцна до 5 мај.
Тој имаше телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен веднаш по изборите во кој се разговараше за можноста за ослободување на фондовите.
Аналитичарите забележуваат дека Маѓар кој доаѓа од центар десница и порано беше близок до Фидес сега нуди прагматичен пристап кон Брисел но без целосно откажување од националните интереси и без радикални промени во внатрешната политика.
Се очекува дека во наредните недели ќе следат конкретни преговори со Европската унија околу условите и финансиската поддршка.
КОМЕНТАРИ