За “Случајот Ивона“, јас уште на самиот старт на дешаванката си го напишав својот став. Но, лажните профили на Сорос, потоа Бранко Героски и слични на него тоа не сакаа да го видат и прочитаат. Тоа само по себе зборува за нивните двојни стандарди. За оние што тогаш ме прочитаа, еве уште еднаш да го кажам својот став, а Бога ми и да го образложам своето мислење, доколку ве интересира.
Имено, јас јавно запрашав, зошто кога Бранковата булумента ми се тури на мене (на фирмата на брат ми) минатата година со напад за “тендерод за субвенции“, како епски дострел на глупоста на Марјанчо Николов, тоа СДСМ (Марјанчо, Емилијан Станковиќ, Ленче Николовска...) не го направија на прес конференција на партијата, преку портпаролот или некој друг? Туку го направија зад собраниската говорница заштитени од пратеничкиот имунитет? НИКОЈ, па ни Геро “Двојни Аршини“ не одговори. А, одговорот е многу јасен и прост. Марјанчо, Ленче. Емилијан и сличните лажеа, измислуваа и спинуваа. Знаеа дека ке ги тужам и добијам на суд доколку тие изјави ги дадат на “отворено“, надвор од институцијата што им гарантира имунитет за изречените лаги и глупости.
За случајот со фирмата Висарис Мкд, повеќе од јасно е дека СДСМ има документација, и затоа има “храброст“ да нападне надвор од Собранието. Од друга страна, дали тие документи на Висарис покажуваат било каков криминал или злоупотреба, е прашање кое бара одговор.
Колку мене ми е познато, а секако адвокат како Петре Шилегов би требал истото тоа да го знае, во Македонија е дозволено човек да работи на повеќе работни места и да има основано, или да е дел од повеќе фирми. Но, не е дозволено било кому да му се брани и забранува, да му се ограничува правото да работи или поседува. Таков фашизам не е дозволен.
Веднаш да разјаснам. Со Ивона немам пиено кафе у живот, немам седено на иста маса (сем на еден шведски доручек во Кина), не комуницирам со неа, сметам дека е обостран впечатокот дека не сме си симпатични (во смисол на комуникација)... Значи ниту сум и фан, ниту адвокат. Ниту ја поддржувам ниту напаѓам, но сакам да имам двојни аршини.
Па така, не би навлегувал во “етичката“ дилема на Никола Тодоров, ниту пак во анализа на профилот од морален аспект на Ивона. Тоа се субјективни категории. Што е етички, а што морално, е епетен субјективно. Мене би ме интересирале фактите. За етиката и моралот ќе напишам нешто кратко на крајот.
Фактите кажуваат три работи.
Прво, мајката на Ивона има право да е дел од било која фирма. Било која фирма во Македонија може во било кое време, и колку пати сака да прави промена на било кој дел од сопственичкиот удел во фирмата. Промена на еден процент или 100 проценти. Како што се случаите со Штерјо и синовите, со Свето Јаневски и фамилијата му, со Хаџимишев, со Андреја Јосифовски, со Заев и неговоте братучеди, браќа, снаи, татковци и мајковци.
Второ, секоја фирма прописно регистрирана за соодветна дејност има право да учествува на тендер, доколку ги исполнува условите барани на тендерот (бонитет, банкова гаранција и сл.). Никој нема право во Република Македонија на било кој начин (со политички притисок на СДСМ, на пример) ова да го попречи. Таа фирма, доколку понуди најдобри услови барани со тендерот, го добива тендерот.
И, трето. Секое поистоветување на “случајот Ивона“ со “случајот Заев и неговата фамилија“ е навреда кон интелигенцијата на сопствениот народ. Ивона работи во две приватни фирми (Вечер и Сител). Мајка и има дел од приватна фирма. Спротивно, Зоран Заев е избран функцинер што располага со јавни, односно наши пари. Тие пари Зоран Заев си ги доделува сам на себе. На фирми што се негови, на неговите најблиски... Дополнително, ниту едн друга фирма не добива ниту приближно толку “договори“ со општината каде Заев е “првата метла“. Ова не е случај со Ивона. Таа не е избрана на избори. Таа не е назначена од народот. Таа не решава каде народни пари ке одат. Но таа и мајка и, како и секој граганин на државава има право да работи и пазарно да се натпреварува. Таа не е како Заев, па да може сама на себе да си дава пари, договори, тендери... Поистоветување на Ивона и Заев на овој план е лажење, манипулирање, оттргнување на вниманието од продажбата на името што било договарано на Божик во Брисел.
Додатно, апсолутно е недопустливо од адвокат како Шилегов, или од нему блиски самонаречени новинари, да во случајот со овој тендер се зборува дека “државата и дала еден милион евра на Ивона“. Вистината е дека тендерот е тежок еден милион евра. Но, секој со здрав разум разбира (ова кај СДСМ оди ептен тешко), ова не се подарок пари. Туку од тие пари треба да се купи опремата и да се исполнат најразлични услови како превоз, монтирање, сервисирање, обука на кадри и слично. Во таков случај математиката би покажала дека фирмата Визарис заработува од овој тендер. Но не еден милион евра, туку веројатно неколку дестеици илјади евра. Како и секоја друга фирма што се бави со бизнис.
Сето ова погоре е законски јасно определено. Исто така, вреди да се знае, дека дотичниот тендер е направен со електронско наддавање, каде имало и уште еден учесник фирма од странство.
Околу етичноста и моралот, односно околу субјективниот дел на “случајт Ивона“, имам неколку заклучоци. Најнапред, дека со изјавата на Тодоров за неетичка постапка, но и со потегот на Сител, Ивона да ја тргне од програмата (не знам на кое време), државата како и сопствениците и уредништвото на Сител јасно ставаат до знаење дека се дистанцираат од постапките на Ивона Талевска. Сител во ниту еден момент не ја заштити. А Тодоров најави преиспитување на тендерот за да се види дали има незаконитости. Бидејки со покажаните документи од страна на Петре Шилегов не се гледа каде има законски неправилности, злоупотреба или криминал, јасно се покажува дека ниту државата, односно министерството за здравство, ниту пак Ивона имаат направено некој незаконски чекор.
Околу етичките и моралните дилеми на постапката на мајката на Ивона и на самата Ивона, ќе мора секој од читателиве на текстов сам да си даде оцена.