Фуле лобира од лични интереси
Објавено на
На снимкава ќе го видите и слушнете еврокомесарот Штефан Фуле. Ова е снимка каде тој во ова минтервју не негира дека албанија добива статус на земја - кандидат за членство во Европската унија и дека е тоа благодарение на негово лично залагање и лобирање.
Имено, иако претходно и Велика Британија и Германија се противеа на нашиот западен сосед да добие кандидатски статус пред се поради огромниот број на нелегални емигранти, тие се откажаа од блокадата. Но пролетва ненеадејно како блокатор на албанија се појави чешката Република. Зошто? Причината е што чешката државна електродистрибуција ЧЕЗ (ČEZ Group - Wikipedia, the free encyclopedia) која беше мнозински сопственик на албанската електродистрибуција до пред неколку години (истот како и австрискиот ЕВН на ЕСМ кај нас), но албанците ги избркаа, буквално, ги истераа на сила и им ја одзедоа концесијата заради високи цени на струјата. Тоа беше голем скандал, кој кај нас мина минорно, знаете сепак каков сервилен однос имаат кон овие раљботи во нашата земја, особено опозициските. Поради овој огромен скандал тие, Лесите, ги блокираа албанците за нивниот напредок во ЕУ што беше нивно легитимно право.
Но, не лези враже, сега се вклучува Фуле во игра и посредува директно за чешка да дозволи Албанија да добие кандидатски статус. Но иако негово право како еврокомесар е да биде вклучен во ваков процес и напредокот е постигнат но сепак тој ова го прави само затоа што неговиот син работи во ЧЕЗ!
На снимкава, новинарот го прашува и он тоа го потврдува и не негира за лобирањето.
Фуле е пред самиот крај на својот мандат и си заминува до крајот на октомври. Уште еднаш, драги мои, на дело како секој си работи само за личен интерес а не за некакви виши, општи инереси кои нам ни ги продаваат во името на општоито добро. Општо добро да, само ако има лична корист од тоа.
Снимката е направена токму пред самата зграда на "Zhustus Lipsius" , вчера изутрина за време на одржување на Европскиот Совет во Брисел.