Големите уши на Пекинг во Франција или како Кина не шпијунира
Објавено на

Во предградието на Париз, l'Obs откри Kинески таен центар на сателитскo прислушување.
Од таму се шпионираат дел од комуникациите помеѓу Европа, Африка и Блискиот Исток.
Но зошто Франција ги остава тоа да го прават?


Се работи за Комплекс која е дискретен Анекс на Кинеската Амбасада во Франција.
Центарот се наоѓа во тивка улица во Chevilly-Larue, станбено предградие јужно од Париз.
Анексот се простира на суверена територија од повеќе од еден хектар, каде што, според
меѓународните конвенции, Француската полиција нема право да влезе. Овој комплекс се
сосотои од тениско игралиште, паркинг и згради на два и три ката. На еден од покривите се
воздигнуваат три огромни сателитски антени. Третата, која е висока над 5 метри, е сосема
нова. Но за што навистина служи овој чуден Анекс ?

http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/d/d7/Chinese_embassy_in_Paris.jpg
 

Нема никаково обележје за неговата вистинска функција. На влезот има камери за надзор, но
нема никаква плоча со натпис. Ѕвончето не функционира и кога ке се обидете да го побарате
телефонскиот број кој е наведен во именикот, никој не одговара. "Што е тоа што го прават
таму?
“Не знам", ни одговори вториот по важност службеник во Општината Chevilly-Larue,
Господин Cyrille Bernardin.
"Ова се мистериозни соседи, но ние со текот на времето се навикнавме", ни рече еден
локален жител.
Веќе повеќе од 40 години овој Анекс на Кинеското Дипломатско Претставништво е сместен
на 148 Rue Lieutenant-Petit-Leroy. Првично, во 1970-тите и 1980-тите години, во овие
простории беа сместени еден комерцијален советник и персоналот кој е вработен во главната
Амбасада, која се наоѓа во богатата населба во Париз, Аvenue George-V. Денес, десетици
дипломати се уште живеат во зградите на овој Анекс. Но, очигледно е дека овој Анекс, кој е
внимателно следен од Француското Министерство за внатрешни работи не е само место за
престој и за спиење на вработените - и гигантските антени на кровот, од кои првите биле
инсталирани пред три или четири години не се користат за да фатат и гледаат China TV.
Г-ѓа Ли, одговорната за односи со јавноста на Кинеската Амбасада во Париз, ни рече дека
Анексот кој се наоѓа на Chevilly-Larue е само центар за "логистички услуги" на Амбасадата ,
а “антените се само за комуникација", додаде, без многу да елаборира.
И тоа со добра причина! Француските служби се убедени дека овој Анекс всушност од
неодамна крие сателитски таен прислушкувачки центар. Според сигурен извор, во Анексот е
сместен Кинескиот еквивалент на Американската NSA од САД, таканаречен APL-3, третиот
оддел на Генералштабот на Народна Ослободителна Кинеска Војска, чие седиште се наоѓа во
предградието на Пекинг, и е поврзано со неговата единица број 61046 одговорна за Европа.
"l'OBS" контактираше еден Специјалист за Сателитско прислушување, поранешен технички
кадар во еден сервис во западниот дел од светот, кој ги анализираше трите антени кои се веќе оперативни во Chevilly-Larue. Тој проценува дека веројатно двете параболи користат за
слушање, а третата служи за пренесеување на "собраното производството" кон Кина
(како што тие велат во жаргон)




КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани