Говорот на Груевски во ОН 2013 - Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван
Објавено на

 

 

 

Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван

 

Добар говор, дефинитвно и тоа во сите аспекти. Хејтерите ке си хејтаат и тоа е ок, но ова се кажано за сите нас е многу важно и пред се реално. Добро е што е прагматичен и јасно ги дефинира состојбите. Иако говорот се на се беше умерен, пораките до ОН ЕУ и Грција беа многу јаки и прецизни и недвосмислени. Или ќе има и ќе се почитува меѓународно право или анархија

 

Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван, а ако ова прашање не може да се реши сега, иако ние сме најзаинтересирани за негово решавање и искрено посакуваме решение кое ќе е одржливо, балансирано, и најбитно взаемно прифатливо, тогаш некоја друга генерација во поинакви околности ќе може да го реши ама токму врз база на вредностите, позициите и принципите кои претходно ги наведов, а кои говорат за праведно и правично решение, без победници и поразени, реше премиерот Никола Груевски во ображањето во ООН.

Тој ги повика ОН да не замижуваат и да покажат активност во решавањето на македонско-грчкиот спор. Груевски рече дека Обединетите Нации не смеат да не погледнат во прекршувањето на фундаментално човеково право самоименувањето и треба да покажат суштинска активност во овозможувањето на тоа право, а во овој случај активност која ќе води кон решение на отворените прашања кои ние ги имаме со Грција.
 
Груевски рече дека меѓународното право треба да е решение за секој предизвик. ОН, истакна Груевски, беа формирани за да го штитат меѓународното право. Ниту една норма од меѓународното право не налага некоја земја да не може да се нарекува како што сака, а нејзините граѓани да не можат да се нарекуваат и именуваат како сакаат. Именувањето е едно од петте елементи на државите и тоа е неоспорно право на секоја земја член.
 
нетпресс
 



КОМЕНТАРИ



Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани