DUNE филмски спектакл од IMAX размери на 20 октомври во Синеплекс!!!
Филмот DUNE доживеа светска премиера на венецискиот филмски фестивал ( да, оној каде добивме за Пред Дождот) каде по проекцијата, "уштогљената" публика со 8 минунти оваации и аплауз на нозе го поздрави филмот, а филмската лритика е одушевена, но најважно и обичниот гледач, фановите кои го виделе.
Потоа Вилнев со екипата која игра во филмот замина за Париз каде на тамошниот Филмски Фестивал исто така доби стоечки овации а, веќе деновиве се одржува премиера и на фестивалот и во Њујорк.
Премиерата, официјална за нас, обичните смртници е во октомври, а нашата маленкост ќе ја има честа да го проследи на 20 октомври во Синеплекс ( и не се грижите, веќе е извршена резервација на серверите на синеплекс, што значи - нема ни Харконените да можат да го спречат гледањето на најголемиот филмски спектакл на 21. век). За епиката и спектакуларноста на филмот - го споредуваат со Господарот на Прстените.
Но можам да ви пишувам стотици страници есеи и впечатоци од книгата која ја имам прочитано десетици пати, поточно најмалку 6 книги по десетици пати. Ја читав и како млад и како постар, истата возбуда ја носи. нејсе ....
Ви го представувам вториот трејлер (првиот имаше преку 36 милиона прегледи) емитуван пред скоро време, колку да ви трепка во подсвеста, бидеејќи верувам дека е настан кој не се пропушта!
Ако не сте ја прочитале еве ви подарувам линк, бесплатно, да го прочитате, ако не сте, иако сметам дека ова е општо цивилизациска култура да се знае и прочита ова дело, во ПДФ формат
DUNE book ПДФ ЛИНК
А СЕГА ПЛАКНЕЊЕ ОЧИ